петок, март 29, 2024
АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа на „15 Корпус“ – повредени работници на ЈП „Водовод“

Утрово, нешто по 08:30 часот се случи сообраќајна незгода на улицата „15-ти Корпус“.  Според првичните информации во несреќата повредени се двајца работници од ЈП „Водовод“ Охрид и истите се пренесени во специјалната болница „Св. Еразмо“, каде им биле констатирани полесни телесни повреди.

На местото на незгодата излегоа две возила на Итната медицинска помош.

Неофицијално се работи за сообраќајна незгода во која учествувало едно товарно возило.

фото: ОхридПрес