АктуелноОхрид

Кривична пријава за 64 годишен жител од Охрид – полицијата го затекнала како врши јавен превоз без лиценца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 64 годишен жител од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“. При контрола, извршена на 15.10.2022 на пресекот на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при управување на такси патнички автомобил „фолксваген голф“ и констатирале дека нема соодветна лиценца за вршење јавен такси превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган.

извор: СВР Охрид