недела, ноември 17, 2024
АктуелноИздвојувамеИНТЕРВЈУИнтервјуаНаш ИзборНаш изборОхрид

Македонската снаа од Кенија, Емм Вандера Блажеска, екслкузивно во интервју за Ohrid1: Охрид беше првата дестинација кога прв пат дојдов во Македонија

Емм Вандера Блажеска која веќе неколку години живее во Македонија, поточно Скопје се повеќе го привлекува вниманието , особено преку социјалните мрежи. Еми всушност е македонска снаа, таа е омажена за македонецот Михајло Блажески а ја имаат и ќеркичката Дарија, која одлично се вклопува во македонската среди а полека ги иучува и основните македонски зборови, како што ни раскажува Еми во интервјуто. Oткрива и тоа дека Дарија е крстена во македонска црква според сите верски обичаи.

Охрид1:Со оглед на тоа што разговорот ќе биде објавен на сајтот Охрид1, би започнале со прашањето, дали си го посетила Охрид и кои се твоите впечатоци од овој град?

Еми: Уште првиот пат кога дојдов во Македонија Охрид беше една од првите дестинации кои ги посетивме со мојот сопруг. Предходно тој ми раскажуваше за градот кој го нарекуваат Ерусалим на Балканот поради многуте цркви и богата култура и историја која ја има, за најстарото езеро во Европа кое е заштитено од Унеско, со ендемски видови од животински и растителен свет, тврдината на царот Самоил…кога дојдов со свои очи го видов и почуствував тоа за кое што ми зборуваше. Секако тука е се и традиционалните јадења, во кои што уживам, старата охридска архитектура, со еден збор мислам дека Охрид навистина е бисерот на оваа држава,па и пошироко и треба да се чува и негува како таков. Исто така знам дека Охриѓаните луѓето од Скопје ги викаат Скопјанишчана, и дека ако можат цело езеро со лајче би го испиле, ха ха ха…

Охрид1: Кој е твојот утрински ритуал, како ти започнува денот? Дали има разлика откако си во Македонија околу утринското будење?

Еми :Утрата ми започнуваат цо 15минути медитација тоа ме прави многу релаксирана, потоа ако не сум на работа тој ден одам одам во фитнес центар на еден добар тренинг што ме исполнува со енергија, туширање, потоа пуштам некоја добра музика додека спремам појадок, обично тоа е некој здрав оброк и секако проверка на маил и да видам што се случува на социјалните медиуми.

Охрид 1: Дали имаш навика за пешачење, спортување во природа? Кое е омиленото место за пешачење на Еми?

Еми : Да имам навика да пешачам, особено заедно со сопругот, најчесто во деновите кога не одам на фитнес. Најомилено место за пешачење ми е покрај реката Вардар, бидејќи ни е во близина а не ретко возиме и велосипед тука, некогаш пешачиме и на некоја од патеките на Водно, некако сето тоа има некој смирувачки ефект на мене.

Охрид1: Често си активна со видеа на Инстаграм, кој е поводот за тоа? Пееш и македонски песни на видеата, кој ритам најповеќе го посакуваш?

Еми: Луѓето во Македонија се мојата мотивација, тие се моите најголеми фанови. Се чуствувам прекрасно кога на луѓето им го разубавувам денот, кога ќе ставам насмевка на нивните лица. Кога некој ќе ми прати порака, фала ти ми го направи денот , едноставно ми се топи срцето. Исто така правењето на видета ми помогна многу со македонскиот јазик, додека ги правам научив многу нови зборови а исто така и преку комункацијата со моите инстаграм пријатели. Ја сакам македонската музика, сакам да ги пеам македонските нардони песни, особено оние кои се хумористични, но многу повеќе слушам забавна музика.

Охрид1: Како е ќеркичката прифатена во средината каде што живеете? Кои навики ги има кај неа?

Еми: Дариа е прекрасно прифатена секаде, и во околината каде што живееме а и кога одиме некаде. Многу е убава, и има некоја мила звезда така да што неможеш да не ја засакаш кога ќе ја видиш. Искрено привлекува внимание каде и да одиме и става насмевки на лицата од луѓето. Има 20 месеци и е многу активна, пее по цел ден и збори на бебешки јазик. Знае да каже некои зборови на македонски како: Баба, тато, дедо, здраво, не, да, те сакам исто така и некои зборови на англиски. Обожава да трча и да се качува по скали, едноставно прекрасна е.

Охрид1: Македонија има голем број цркви, дали си посетила некои од нив, дали можеби на ќеркичката и правевте крштевка?

Еми: Знам дека во Македонија има многу стари цркви и манастири, некои од нив датираат уште од деветиот век, што е неверојатно кога човек ќе помисли колку одамна имало развиена култура на овие простори. Во Охрид сум била скоро во сите што се подобро познати на туристите,знам дека само во Охрид има 365 цркви, по една за секој ден од годината. сум ги посетила Св.Софија, Канео, Плаошник, Св.Наум, Перивлепта…исто така низ Македонија Бигорскиот манастир, манастирот во Зрзе, Трескавец, Јоаким Осоговски, Марков Манастир, Пантелејмон и други. Дариа е крстена во црквата Св. Петар и Павле во Скопје.

Охрид1: Кои македонски обичаи ги знаеш, сакаш да ги прифатиш и применуваш?

Еми: Да секако знам некои од Македонските традиции, посебно тие што се практикуваат околу божикните и велигденските празници, и секогаш со задоволство учам нови работи и сакам да ги практикувам заедно со семесјтвото.

Охрид1: Раскажи ни нешто за твојата култура, традиција, вера од местото од каде што доаѓаш!

Еми: Во Кенија традицијата и културата е продукт од 43 различни племиња кои живеат заедно и ја нарекуват Кенија свој дом. Секое племе има свои традиции и обичаи што го дефинираат, тоа вклучува различен јазик, облека, кујна.Заедничко за сите племиња е тоа што доаѓањето на свет на новороденче се смета за најголем благослов и се прославува со танци, песни и некои риуали како што е давањето на име на детето според времето кога е родено или нешто стосе случило во тој момент. Многу племиња во Кенија оддаваат посебно значење на полнолетството на машките деца и тоа се обележува со обрежување, тоа симболизира премин од детсво во светот на возрасните. Свадбите се секогаш најсреќните моменти за едно семејство, и секое племе има свои традиции кои останале скоро непроменети и кои што сеуште се почитуваат.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emm Blazeska (@emm_blazeska)