АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Расчистување на речното корито на реката „Коселска“

Екипи на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Водовод“ од денес работат на расчистување на речното корито на реката „Коселска“.
Активностите се одвиваат по налог на Општина Охрид.
Проблемот со затрупувањето на речното корито настанува поради одлагање шут и зелен отпад покрај речното корито, каде се создадени депонии на повеќе локации, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.