АктуелноОхрид

Приведен стружанец – во неговата торба полицијата пронашла уловена јагула

На 18.11.20220 година во 22.30 часот, поради сторен прекршок по член 113 од Законот за риболов и аквакултура, во ОВР Струга приведен е 24 годишен Стружанец. При преглед извршен на крајбрежјето на реката Црни Дрим во близина на Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа торба, негова сопственост, во која имало уловена јагула. По целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид