АктуелноОхрид

Охридските пожарникари првпат после 20 години добиваат нова заштитна опрема за шумски пожари

Охридските пожарникари првпат после 20 години добиваат нова заштитна опрема за шумски пожари. Ова на последната седница на советот го обелодени Коста Кузмановски од ТППЕ Охрид, како одговор на дискусијата на советничката од СДСМ, Живка Ангелоска, која обвини дека локалната власт ги намалува средствата во програмата за работа на ТППЕ Охрид. Кузмановски одговори дека намалувањето на средствата во програмата е како резултат на постигнување на пониска цена на тендерот за набавка на нови униформи.

„Никогаш претходно не се случило да имаме толкава искористеност на средствата, од 70 до 80%. Прв пат после 20 години добивме нови заштитни униформи за шумски пожари. Досега функциониравме по принцип на донации, ова е прв пат да добиеме комплетно нова за сите пожарникари, веќе е поминат тендерот. Дополнително се менува целата дограма на противпожарниот дом, заедно со индустриските врати“, истакна Кузмановски.

Средствата за набавка на новата заштитна опрема, како и за програмата на дограмата се обезбедени од Буџетот на општина Охрид.

 

ohrid24.mk