АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Левица: Ние сме единствената партија која се бори со криминалите на ДУИ

На денешната 19 та седница на Советот на Општина Охрид се случи прво историско излагање на советникот на ДУИ, Бесник Османи откако е советник, посветено на Левица. За волја на вистината советникот цело време мислеше дека е пратеник, поради што советникот на Левица – Виолета Аврамоска уште на почетокот на репликата мораше да му објасни дека е советник, а не пратеник.
Советникот од ДУИ беше видно изреволтиран поради реакциите на ЛО Левица Охрид во кои се разобличуваат криминалите на ДУИ објавени во медиумите каде двајцата советници – Бесник Османи и Нефи Усеини биле наречени контроверзни, велат од Левица. и додаваат:

-Е, контроверзни сте другари, советникот на Левица, Виолета Аврамоска му реплицираше на колегата од ДУИ:

,,Колега, прво ќе ви кажам дека ние овде не сме пратеници, туку советници. Во Левица не сум само јас, туку имаме екипа за работа. Доколку имате проблеми со политиката на Левица, можете да реагирате со тужба кон Левица. Јас, како советник ги следам, како и сите овде, партиските насоки, партиската програма и идеологија. Овде во советот се залагам да работам чесно и искрено. Доколку сметате дека се искажани клевети и лаги против вас, можете да демантирате и да ја тужите Левица”.

Повелете, ние сме Левица и никому не му се плашиме!

извор: Левица