АктуелноОхрид

(ФОТО) На годинешниот SUBEX 2022 беа промовирани учениците од прва година од паралелките Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство

Дел од свеченото доделување сертификати од страна на амбасадорот на Република Германија Ото Граф и директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс, за успешно положен завршен испит по германски терк на учениците од првата завршена генерација од профилот Техничар за индустриска мехатроника.
Исто така на годинешниот SUBEX 2022 беа промовирани учениците од прва година од паралелките Техничар за индустриска мехатроника и Техничар за производно машинство на кои им беа дадени ученички ранци за среќен почеток на нивното школување во дуално образование.
За петгодишното искуство во дуално образование на панел дискусијата на форумот говореше и директорот на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ професор Сашо Недески.
ОЕМУЦ Св.Наум Охридски