АктуелноОхрид

Кај лице од село Драслајца, полицијата пронашла пиштол и куршуми за ловечка пушка

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43 годишно лице од струшкото село Драслајца. При претрес извршен во неговиот дом по добиена судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол „Валтер“ калибар 9 милиметри и 10 куршуми за ловечка пушка, калибар 16 милиметри што нелегално ги поседувал.

 

извор: СВР Охрид