АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Христијана Парулеска и од “Бугарија Опен 2022” се врати со злато

Викендов што измина Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец –Охрид учествуваше на најсилниот А класа меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар “Бугарија Опен 2022” кој се одржа во Пловдив. На овај престижен натпревар учествуваа над 540 натпреварувачи од 59 клубови од 14 земји од Европа. Нашиот клуб на овај престижен натпревар учествуваше со 8 натпреварувачи.


Традиционално на овај престижен натпревар, сите кои се во можност ги носат своите најдобри поединци,за да ги тестираат и да ги припремаат за наредносто Европско Првенство кое ќе се одржи воп Римини , Италија. Слободно можеме да кажеме дека бевме скептични дека ќе успееме да осовиме некој медал, знаејќи за огромната конкуренција, а претходно нашите натпреварувачи кои учествуваа на 3 последователни натпревари за нецел месец, беа видно исцрпени, но како и секој пат, така и овај пат дадоа се од себе освојувајќи 5 медали, од кои 1 златен, 1 сребрен и 3 бронзени медали. Христијана Парулеска со 4 победи успеа да се качи повторно највисоко на пиедесталот, додека во форми беше оштетена од судиите освојувајќи бронзен медал. Елена Јанеска , која имаше висока температура, треска и настинка, не дозволи да го откажеме нејзиното учество, туку херојски даде се од себе стигнувајќи макотрпно до финале, иако изнемоштена ,многу тесно загуби од репрезентативката на Естонија,освојувајќи сребрен медал. Давид Крстески за жал беше оштетен од судиите во двете дисциплини, каде освои бронзен медал во форми. Со ова нашите најдобри натпреварувачи повторно направија да се гордееме со нив, и дека се спремни за наредното Европско првенство, изјавува Марјанчо Лазаревски кој користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” , кој и овај пат е најзаслужен за нивниот успех.

 

Освојувачи на медали:
– Христијана Парулеска
1 место (злато) борби – 50 кг. женски кадети 12-13 години 3 место (бронза) форми црвен појас женски кадети 12-13 години
-Елена Јанеска
2 место (сребро) борби -70кг. женски јуниори 16-17 години
-Давид Крстески
3 место (бронза) форми црн појас I дан, јуниори 14-15 години
-Марио Крстески
3 место (бронза) форми црвен појас, јуниори 16-17 години