четврток, март 28, 2024
АктуелноВидеаВидеоглавни-вестиНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) 30 години Супер Радио – 30 години трансформации и чекор со светот

Супер Радио синоќа на пригодна свеченост прослави јубилеј – 30 години постоење во етерот на Охрид и регионот. Во присуство на вработени во радиото, пријатели на радиото, бизнис партнери, претставници на повеќе компании кои се соработници на Супер Радио, како и децениски соработници на музички план и креатори на содржини се прослави роденденот на радиото кое во Охрид ја гради урбаната приказна на градот веќе три децении.

Таква урбана и со стил беше забавата која ја направија радиото, на која настапи сега веќе легендарниот охридски бенв „Камелеон“.

Видео од пригодниот говор кој за оваа прилика го напиша сопственикот на OneMedia.mk   Љупчо Таневски, а го прочита Татјана Маленкова. На настанот се обрати и сопственикот на Супер Радио Сашо Митаноски, кој патешествието на радиото го објасна со една поучна анегдота како и нај познатиот охридски радио водител Жанко Зш Голабоски, кој пак емотивно се присети на луѓето од радиото кои заминаа во вечноста.

Беше пресечена славеничка торта, а уште една торта  радиото доби на подарок од познатата активистка за лица со ретки болести  Гордана Лолеска која неколку години соработува со радиото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ohrid1.com (@ohrid.1)