АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Активности за асфалтирање на крак од улица „Илија Смически“ во село Лескоец

Во моментов се одвиваат активности за асфалтирање на крак од улица „Илија Смически“ во село Лескоец.
Должината изнесува 310 метри и ширина од 3 метри. Вкупната асфалтирана површина изнесува околу 1000 м2.
Оваа активност се спроведува во рамки на договорот за асфалтирање на улици и патишта на територија на Општина Охрид, инфрмира во својата објава на Фб градоначалникот Кирил Пецаков.