На 31.10.2022 година членот на советот во Општина Охрид од политичката партија Левица – Виолета Аврамоска до претседателот на Совет на Општина Охрид – Сашо Донев поднесе иницијатива за изготвување сообраќајно решение за крстосницата на улиците „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ (ООУ „Христо Узунов“), се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.
Образложение:
Сметаме дека изготвување на сообраќајно решение кај крстосницата на улиците „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ кај ООУ „Христо Усунов“ е неопходно поради тоа што на наведената крстосница сообраќајот е многу фрекфентен, особено во утринските часови и претставува сериозен проблем за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а посебно за безбедноста на учениците во училиштето.
извор: Левица ЛО Охрид