АктуелноОхрид

СВР Охрид за несреќата кај Лабино: 68 годишниот охриѓанец се движел покрај карпите над плажата и паднал

На 02.11.2022 година во 13.00 часот во СВР Охрид пријавено е дека е пронајдено повредено лице на плажата „Лабино“ на брегот на Охридското езеро во Охрид. Од извршениот увид констатирано е дека станува збор за 68 годишно лице од Охрид кој се движел покрај карпите над плажата и паднал, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од лекар од Итната медицинска помош.

извор: СВР ОХРИД