Во конкуренција од 40 документарни филмови од македонски и странски автори, меѓународното жири највисоката награда на фестивалот ГРАН ПРИ му ја додели на краткиот аматерски документарен филм „Охридските хотели и хотел Радиќ“ од авторот Љупчо Паункоски од Охрид.
Паункоски на фестивалот кој годинава слави три децении од постоењето доби и диплома за неговиот документарец „Селци и Малесија“.
Уште еден автор од Охрид , Томе Љушев – Шпанец се закити со висока награда на фестивалот. За документарецот „Трпејца“ копродукција на неговата „Шпанец продукција “ и Здружението „За Трпејца со љубов“ ја доби меѓународната плакета на УНИКА.
Документарецот „Трпејца“ премиерно беше прикажан минатата година во рамките на десеттото јубилејно издание на манифестацијата „На зајдисонце“ токму во Трпејца. Автор на текстот и наратор е Милчо Јованоски.
ФАДФ ,,КАМЕРА 300″БИТОЛА 2022
О Д Л У К А
Стручното меѓународно жири ги додели наградите на 30.ФАДФ КАМЕРА 300″
ГРАН ПРИ ПЛАКЕТА МИЛТОН МАНАКИ НА ФИЛМОТ, ОХРИДСКИТЕ ХОТЕЛИ-ХОТЕЛ РАДИЌ ОД МАКЕДОНИЈА автор: Љупчо Паункоски
ЗЛАТНА КАМЕРА 300
НА ФИЛМОТ ,ЛИФТОТ НА БРОДОТ АНДЕРТОК”автор: ЏЕМС КАЛМЕРС од Англија
СРЕБРЕНА КАМЕРА 300
НА ФИЛМОТ ,,ЧЕКОРИ НИЗ ДРВЕНАТА КАТЕДРАЛА” автори: МИЈЕЛ ГЕРАСИМ И ЕДУАРД ГРИГОРИАС од Романија
БРОНЗЕНА КАМЕРА 300
НА ФИЛМОТ ,,ВОДИЦИ” автор: ДИМЕ ТАЛЕВСКИ
ПЛАКЕТА НА УНИКА МУ ПРИПАДНА НА ТОМЕ ЉУШЕВ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА ФИЛМОТ ,,ТРПЕЈЦА”
АВТОРСКИ НАГРАДИ
ЗА НАЈДОБРА КАМЕРА ВО ФИЛМОТ ,,ИНСЕКТИ ВО ГРАДИНАТА” автор: ГУНТЕР СИМЕР од Словенија
ЗА НАЈДОБРА РЕЖИЈА НА ФИЛМОТ
,,ДА ТИ СЕ СЛУЧИ МАНДРИЦА” автори Јанко Митев и Димитар Атанасов од Бугарија
ЗА НАЈДОБРА МОНТАЖА НА ФИЛМОТ ,,СТАНИЦАТА” автор Петко Илиев Бугарија
ЗА НАЈДОБРА ИДЕЈА НА КАТЕРИНА ДЕЈКОВСКА од АМЕРИКА за филмот ,,ЛЕСНА ТРАУМАТСКА МОЗОЧНА ПОВРЕДА“
ЗА РЕПОРТАЖА НА ЉУЧО РИСТЕСКИ ОД Македонија за филмот ГРАДОТ НА КУЛИТЕ”
Специјални награди им се доделени на:
ЛУКА И ЛОРЕН КОЧОВСКИ од Македонија за филмот ВО СВЕТОТ НА КАМЕРИТЕ
НА ИСМЕТ ДРСЛАН ОД ТУРЦИЈА за филмот СИ НЕДЕФИЦИРАН ЈАЗИК НА СТОТТЕ КНИГИ
НА ВАЛЕНТИНА АНДРЕИЌ за филмот ,,НЕКОЛКУ ЦРКВИ ОД КУМАНОВСКО
ДИПЛОМА НА ЉУЧО ПАУНКОВСКИ за филмот СЕЛЦИ И МАЛЕСИЈА