среда, ноември 27, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Нема крај на уништувањето!

По се изгледа нема крај на уништувањето на се што убаво ќе се направи низ градот. Ретко која клупа, знаменитост или нов објект се останати недопрани, целосно како што се поставиле. Се е буквално уништено, исцртано со некаков графит или потполно урнато.

Дури и поставените клупи во кругот на црквата „Перивлепта“ деновиве се уништени, онеспособени за посетител, намерник да седне , да се одмори и да ужува во преубавата природа и поглед кој го има тоа место.

Оставува совеста некогаш да проработи , не само кај поединци туку кај сите.