Овој викенд, во просториите на “Култура 365” (кај ресторант Антико) ќе биде поставена изложба со ликовни творби од нашите ученици, а во наредните две недели изложбата продолжува во Младинскиот Центар Охрид (поранешна касарна). Поставените ликовни творби се работени под менторство на проф.Виданка Мојсоска во различни техники: молив, јаглен, кафе, фломастери Нашите ученици ги изработија овие цртежи како дел од манифестациите кои се одржаа во нашата Гимназија Маникулт и по повод одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје. Изразуваме голема благодарност за отстапениот простор на Младинскиот центар Охрид и Култура 365 и Крсте Пурцов, со кого продолжува соработката воспoставена од Мишо Јузмески.
Редакцијаоктомври 28, 2022
posted on
Гимназија Охрид