АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пронајдено големо мноштво отомански документи на Света Гора

Таму, длабоко во средновековниот утврден манастир на Светогорската монашка православна христијанска заедница, истражувачите за првпат насетуваат практично непознато богатство – илјадници ракописи од отоманската ера кои ги вклучуваат најстарите од ваков вид во светот.

Библиотеките на самоуправната монашка заедница, основани пред повеќе од 1.000 години на полуостровот Атос, се складиште на ретки, вековни дела на неколку јазици, вклучувајќи старогрчки, старословенски и романски.

Повеќето од нив се надалеку проучени, но не и османлиските турски документи, изданија на окупаторската бирократија која владеела со таа област од крајот на 14. век – многу години пред византискиот главен град, Константинопол, да падне во рацете на Османлиите во 1453 година – до почетокот на 20. век.

Византологот Јанис Ниехоф-Панајотидис вели дека е невозможно да се разберат економијата и општеството на Света Гора под османлиска власт, без да се консултираат овие документи, кои ги регулирале односите на монасите со секуларните власти.

„Отоманскиот бил официјален државен јазик“, изјави тој за Асошиетед прес, од библиотеката на манастирот Пантократор, една од 20-те на полуостровот со голема шума.

Ниехоф-Панајотидис, професор на Слободниот универзитет во Берлин, рече дека најстарите од околу 25.000 отомански документи пронајдени во монашките библиотеки, датираат од 1374 или 1371 година. Тие се постари од сите познати во светот, рече тој, додавајќи дека во Истанбул, како што Османлиите го преименувале Константинопол кога го направиле свој главен град, најстарите архиви датираат само од крајот на 15 век.

„Првите документи кои фрлаат светлина (на првиот период од отоманската историја) се зачувани овде, на Света Гора“, рече тој, седнат на маса натрупана со документи и книги. Другите, поретките, се чуваат во големи дрвени фиоки.

Тие вклучуваат многу украсени султански фермани – или декрети – акти за сопственост и судски одлуки.

„Најголемото мнозинство се правни документи“, рече Анастасиј Никопулос, правник и научен соработник на Слободниот универзитет во Берлин, кој работеше заедно со Ниехоф-Панајотидис на проектот во последните неколку месеци.

 

Бигорски манастир