АктуелноОхрид

Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид од „СРБИЈА ОПЕН 2022“ се врати со 3 медали

Викендов што помина Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид, настапи на Меѓународен А класаТаеквондо ИТФ турнир „Србија Опен 2022“ во Нови Сад, Србија, каде што учествуваа околу 350 натпреварувачи од 42 клубови од 12 земји, Србија, Хрватска, Грција, Бугарија, Словенија, БиХ, Австрија,Унгарија, Романија,Чешка, Молдавија и Македонија.


Нашиот клуб под водство на Саша Поповски носител на црн појас V дан, учествуваше со двајца натпреварувачи кои учествуваа во 2 дисциплини форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.
Со оглед на големината и квалитетот на учесницита на овај натпревар , презадоволни сме од нашите натпреварувачи кои покажаа извонредна храброст и пожртвуваност, а со тоа имаат мотив да тренираат иуште понапорно, за да постигнеме подобри резултати, изјавува тренерот на клубот Саша Поповски, кој го донесе овај спорт во Македонија , а воедно е и почесен претседател на Таеквон-до ИТФ во Македонија.
Истотака Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид, на 05.11 2022, најавува и учество на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „Дубровник Опен 2022“ во Хрватска.
Таеквон-до клубот „МАСТЕР“ Охрид врши и упис на нови членови кои сакаат да го изучуваат најатрактивниот боречки спорт.
Освојувачи на медали се:
-Филип Митрески
3 место (бронза) борби +60 кг. кадети 12-13 години 3 место (бронза) форми жолт појас, кадети 12-13 години
-Михаил Јоноски
3 место (бронза) форми зелен појас, јуниори 14-15 години