Наш изборНаш ИзборОхрид

Охридска гимназија: Да не ја заборавиме жртвата на сите наши револуционери. Да ни е за многу години!

На денешен ден во 1893 г. познатите македонски револуционери Христо Татарчев, Даме Груев, Петар поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Антон Димитров ја основале Македонската револуционерна организација .Тие ја одразиле волјата и подготвеноста на македонскиот народ да се бори за политичка автономија на Македонија и Одринско. Оваа искра набрзо ќе пламне во револуционерен оган и преку солунските атентати, преку Илинденското востание , а потоа и НОБ ќе резултира со самостојна македонска држава Да не ја заборавиме жртвата на сите наши револуционери. Да ни е за многу години!

извор: gimnazijaohrid.edu.mk