АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Пецаков: Нека ни биде честит големиот државен празник, 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Нека ни биде честит големиот државен празник, 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Да им оддадеме почит и благодарност на сите кои се вградиле во создавањето на слободна и независна Македонија и заедно сплотени, да продолжиме по патот на развојот и напредокот, градејќи модерно и просперитетно општество.

извор: ФБ Кирил Пецаков