АктуелноОхрид

Димитар Спасески и Ердин Далип од секторот за образование при Општина Охрид и Јован Цветкоски-раководителот на Младинскиот центар во Охрид во посета на Охридската гимназија

Во рамките на одржувањето на манифестацијата Маникулт како гости, вчера во поста на Гимназијата беа Димитар Спасески, раководител на секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита и Ердин Далип, раководител на одделението за образование при Општина Охрид.

„Меѓу другото, со нашите гости разговаравме за актуелни теми поврзани со образованието со посебен осврт на претстојната реконструкција на гимназискиот двор и внатрешноста на гимназиската зграда. Исто така се оствари и средба со раководителот на Младинскиот центар -Охрид, Јован Цветкоски каде се разговараше за отпочнување и развивање на соработката меѓу нашето училиште и Младинскиот центар во иднина на теми што ги засегаат младите во градот и поконкретно , нашето училиште“, велат од Охридската гиманзија.

извор: