Со своето долгогодишно работење на планот на унапредување и развој на дејноста во делот на првата помош Црвен крст Охрид активно работи на зајакнување на постојните материјални и човечки капацитети за обезбедување на ефикасни и квалитетни услуги од оваа област.
Најчестите повреди со кои може да се соочат луѓето се исчашувања, падови проследени со контузии и други површни рани, топлотен удар, изгореници од сонце, каснувања од инсекти и сл. Поради тоа едукацијата и подигање на свеста на населението за правилно и навремено укажување на прва помош е клучно во спречување на инвалидитет, а многу често спасува човечки живот.
Црвен крст Охрид активно работи на обезбедување информации на сите граѓани со поставување на штанд на градскиот плоштад секој викенд во месец октомври.
Сите заинтересирани лица Ве очекуваме повторно и овој викенд на истата локација од 11 часот.
Црвен крст Охрид