АктуелноОхрид

Нов рок за завршување на автопатот Кичево – Охрид овој пат до 2026?

Кога ќе биде готов автопатот Кичево-Охрид, роковите од 2019 година и 2021 година одамна пропаднаа, а се поневеројатен изгледа и рокот до крај на 2023 година.

По се’ се чини дека компанијата, но и власта би барале негово одложување. Неофицијално компанијата „Синохидро“, која го гради автопатот Кичево-Охрид бара продолжување на рокот за изградба до 2026, објави Тв21.

Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, засега не одговара дали оваа компанија испратила такво барање до министерството но рече дека рокот за завршување на автопатот е до 2023.

Во емисијата „Клик Плус“ градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари зборуваше за одговорноста на Ејуп Рустеми и Благој Бочварски за доцнењето на изградбата на автопатот. Рече дека тоа им штети на бизнисите и ги загрозува граѓаните во сообраќајот.

– Се претера со доцнењето, јас Фатмир Дехари се обратив до една од институциите, Агенцијата за патишта. г. Ахмети назначи директор на Агенцијата за патишта, Ејуп Рустеми кој директно е одговорен заедно со министерот за транспорт, вели Фатмир Дехари.

Заменик министерот за транспорт, Реџепи исто така рече дека се работи интензивно и на изградбата на автопатот Букојчани-Гостивар кој ќе се поврзе со коридорот 8. Овие коментари Реџепи ги даде при почетокот на работите за канализација во општина Пласница која достигна вредност од 170 илјади евра со финансии од Светска банка.

извор: Тв21.