АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) На Градскиот стадион се одржа општинското првенство во атлетика

Прекрасен ден исполнет со детски џагор.
Денеска на Градскиот стадион, се одржа општинското првенство во атлетика.
Учество зедоа учениците од општинските основни и средни училишта.
Мене ми припадна честа да ги врачам дипломите и медалите за најдобрите од основните училишта.
Со овој настан ги поттикнуваме спортските активности кај децата и го развиваме спортскиот дух, напиша во својата објава на ФБ, градоначалникот Кирил Пецаков.