АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

В недела камен темелник за изградба на нова црква посветена на Св.Недела во село Свињишта

Во недела 23 октомври ќе се изврши осветување и поставување камен темелник за изградба на храм посветен на Светата Великомаченичка Недела, во село Свињишта Охрид.

Како што информираат од МПЦ ОА, храмот ќе се гради по иницијатива на Александар Стојаноски од Свињишта но и по иницијатива од црковниот одбор на селото, а ќе се гради со донации од селото и сите добронамерни верници од пошироката околија.