петок, март 29, 2024
АктуелноОхрид

Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“од Косел-Охрид прв натпревар „КОРЧА ОПЕН 2022“ и први медали за клубот

Викендов што помина Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“од Косел-Охрид                                                           , настапи на Таеквондо ИТФ турнир „Корча Опен 2022“ во Корча, соседна Албанија, каде што учествуваа над 150 натпреварувачи од 11 клубови од кои 3 клубови од Македонија.

Нашиот клуб учествуваше со 2 натпреварувачи кои учествуваа во 2 дисциплини форми (борба со замислен противник) и спаринг борби.

Ова е прво учество на нашиот клуб  а воедно и први медали за клубот, ветуваме  дека нема да бидат и последни, со ова најавуваме дека  нашиот клуб има светла иднина и дека ќе се бориме за поголеми успеси со кои ќе се гордее нашата општина Охрид и Македонија, ни изјавуваат двајцата надежни натпреварувачи од   Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“од Косел-Охрид

 

Истотака Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ“од Косел-Охрид  , врши и упис на нови членови,а за наредниот викенд(сабота)  на  22.10 2022, најавуваат учество на Меѓународниот А класа Таеквондо ИТФ турнир „Србија Опен 2022“ во Нови Сад, Србија.

Освојувачи на медали се:

 

-Михаил Крстаноски

1 место (злато)  борби  , 2 место (сребро) форми

-Лука Тодороски                                                                                                                              1 место (злато) форми , 3 место (бронза) борби