АктуелноОхрид

Црвена младина: Врз основа на кои компетенции Јован Цветкоски е назначен да раководи со најважните функции во локалната младинска политика во Охрид

Во текот на вчерашниот ден официјално се отвори Младинскиот Центар во Охрид, со што се постигнува долго бараната цел на младите за интеграција во локалните младински политики во Општина Охрид, за што впрочем ние даваме целосна поддршка, се вели во соопштението од Црвена младина. Во продолжение тие поставуваат неколку прашања:

Имено, Јован Цветкоски кој е претседател на Локалниот Младински Совет во Охрид, е назначен за раководител на новоотворениот Младински Центар Охрид.

Прашуваме: Врз основа на кои компетенции Јован Цветкоски е назначен да раководи со најважните функции во локалната младинска политика во Охрид, под чија директива е назначен и како би можела да се задржи ефикасноста и ефективноста на Локалниот Младински Совет и Младинскиот Центар – Охрид кога одговорноста за раководење на истите е врз еден човек?

извор: Црвена младина