АктуелноОхрид

Кривична пријава за прилепчанец кој ширел расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, на 12.06.2022, по објавен текст на социјална мрежа Facebook, од својот профил објавил пост со недолична и заканувачка содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.