Здружението на пензионерите од Охрид и Дебарца сакајќи да им помогне на пензионерите , како и сите изминати години нанаад им излеговме во пресрет со склучување договор со шумското за набавка на огревно дрво, според договорот до крајот на оваа година сите пензионери треба да бидат снабдени со огревни дрва, истакнува претседателот на ЗП Охрид и Дебарца, Ѓорѓи Трпчевски.
Притоа тој додава дека досега сите изминати години немале никаков проблем при ваквата процедура и сите пензионри навремено ги добивале дрвата уште пред самиот почеток на грејната сезона, но годинава со оглед на ситуацијата која се случува при набавка на огревно дрво, дојде до голем проблем.
Трпчевски ваквиот проблем јавно го искажа притоа барајќи помош од надлежните како и излез и надеж дека пред почетокот на зимата и ниските температури ќе се изнајде решение за достана на огревно дрво до сите пензионри кои веќе платиле за дрва.