Во периодот од 6-ти до 9-ти октомври, група од 15 ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, заедно со директорот Сашо Недески и професорите: Наташа Гредоска, Билјана Божиноска, Сашо Ангелоски и Ангеле Буџакоски, на покана од Техничка школа „Ваљево“ од Ваљево, учествуваа на свечениот ден на училиштето и отворањето на тренинг-центарот во училиштето во вредност од 1.200,000 евра донација од владата на Србија. Учениците и професорите учествуваа на свечаната академија по повод денот на училиштето и отворање на училишниот тренинг-центар, потоа го посетија музејот на градот Ваљево, како и спомен-куќата на Десанка Максимовиќ во Бранковина.
Редакција