АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Посета на раководството на музејот „Д-р Никола Незлобински“ од Струга

Во посета на Свештената Бигорска Обител вчера допатува новата директорка на Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга, г-ѓа Аљбуљена Лита, заедно со поголемиот дел од работниот персонал на оваа културно-образовна институција. Во работниот тим беше и вишиот кустос и историчар г. Јован Василески, кој како поранешен директор имаше одлична соработка со нашата Обител и даде голем придонес во областа за зачувување на духовното и културно наследство.

Вчерашната посета беше по иницијатива на г-ѓа Лита, која сакаше и самата лично, како и целата екипа да ја запознае со содржините и животот на Бигорскиот Манастир. Па така, откако ценетите гости беа срдечно примени и услужени од страна на братството, запознавајќи се со Манастирот, остварија средба со Старецот, Епископот г. Партениј. На топлата и пријатна средба се разговараше главно за предизвиците околу заштитата на културното наследство.

 

Бигорски Манастир