АктуелноОхрид

(ФОТО) Николоски: Вака изгледа она што треба да е автопат Кичево – Струга – Охрид, уште еден показател за неспособноста и криминалот на СДСМ и ДУИ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на својата Фејсбук страница објави фотографии од состојбата во која се наоѓа автопатот Кичево – Струга – Охрид.

Најголемиот показател за неспособноста и криминалот на СДСМ и ДУИ. Уништени коловози и скоро никакви активности за изградба на автопатот направија цел регион да е стопански, туристички и инфраструктурно отсечен. Денес е недела 9 Октомври, власта вети дека до понеделник 10 Октомври ќе ја пушти делницата од Требеништа до Охрид. Уште една лага на виделина – пишува Николоски во својата објава.

извор: ФБ Александар Николоски