АктуелноОхрид

Ученичката Климентина Модева од ОЕМУЦ – кошаркарска надеж на Македонија

Климентина Модева, е ученичка во III -3 во образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

Покрај училишните обврски, редовната физичка активност е нејзино секојдневие. Вклучувањето во спортските активности од најрана возраст (пливање, гимнастика, планинарење, скијање) ја научиле дека ниеден успех не се постигнува преку ноќ, туку, потребно е време, посветеност и упорност.

Од својата 6-та година започнува да се занимава со кошарка и е дел од кошаркарскиот клуб ” Струга 2009 “од Струга, под тренерската палка на Владимир Ѓоровиќ.

Редовните тренинзи и напредокот кој го постигнува во клубот и’ овозможува да стане дел дел од кошаркарска репрезентација на Македонија која од Европското првенство У16 , Ц -дивизија минатата година се врати од Грузија како Европски шампион.

Оваа година, на Европското првенство во Бугарија У18, Б- дивизија во посериозна категорија, но со доминација на терен во два меча, едниот против Велика Британија, друг против Норвешка со одлична статистика и избрана за Top performer.

Нејзини следни забележителни настапи се на овогодинешното Светското кошаркарско првенство во Белград 2022 У18 како позајмен играч беше дел од средношколска екипа “Добри Даскалов” од Кавадарци ,со кој го освоија 11-то место со скор од три победи и три порази .

Покрај редовните кошаркарски трененинзи, Климентина ја носи и атлетиката во срцето. Па така, со добра организираност успева да стигне и на атлетските тренинзи , а неретко и на атлетски натпревари од каде често се враќа закитена со медал во дисциплината скок во височина.

Успехот не е лесен, но не и невозможен, бидејќи талентот е 5% а 95 % е работа. Трудољубивоста секогаш го наоѓа патот до успехот.

извор: emucohrid.edu.mk