петок, ноември 8, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Рашела Мизрахи: Ова што се случува е силување на македонскиот народ, неговото антифашистичко минато преку наметнување навредности на Третиор Рајх, затскриени зад европските вредности

Барањето на Р. Бугарија да биде прогласена за земја праведник која ги заштитила евреите од депортација беше одбиено од учесниците на на конференцијата со образложение дека монархофашистичкиот режим предводен од Цар Борис Трети и Владата на  Богдан Филаф изврши депортација на  11 363 евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови од Србија, истакна на прес конференцијата Рашела Мизрахи претставник на заедницата на евреите во Македонија.

Притоа таа потсети дека, Македонија во Втората Светска војна загуби над 7 илјади Евреи кои биле депортирани од бугарската фашистичка војска во логорот Треблинка.

-Во нивни спомен во Скопје е изграден меморијален центар. Официјалната документација која ја раскажува вистината за случувањата во ова време се наоѓа во самиот меморијален цента и во Израел кој се јавно достапни. Во последниве години на политичката сцена во Македонија и Бугарија за жал се повидливи стануваат актерите кои се залагаат за ревидирање на историјата, историските факти а останатото ревидира со искривување на вистината за холокаустот на евреите од Македонија. Ова во целот е контрадикторно со Резолуцијата на ООН за спречување на негирање на холокаустот од 22 јануари 2022. Само еден елемент на овој процес е отварање на културни центри со назив на контроверзни историски личности и фашисти како што е цар Борис трети кој имале директно учество на геноцидот на евреите од Македонија. Евреите од Македонија се дел од европското семејство и ваквите процеси за мене се еприфатливи и претставуваат повеќе од сериозна провокација, истакна Мизрахи.

Ова што се случува е силување на македонскиот народ, неговото антифашистичко минато преку наметнување навредности на Третиор Рајх, затскриени зад европските вредности, додаде Мизрахи.