До крајов на годинава ќе има 27 готови проекти, најави во денешното обраќање пред советниците градоначалникот Кирил Пецаков. Притоа тој истакна за меморандумот за соработка со Градежниот факултет кој го вклучува решавањето на хидро системот.
-Со тоа го решаваме во голема мерка од 50-60% снабдувањето на општината со вода. Сериозно сум посветен на решавање на проблемите во ЈП Водовод но и останатите претпријатие кои ги трпат последиците во овој период, истакна Пецаков.