Денес градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со амбасадорот на Словачка во Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш. На средбата најмногу се зборуваше за продолжување на манифестацијата “По патеките на Св. Кирил и Методиј“, која неколку години поради Ковид кризата беше во прекин. На средбата присуствуваше и г. Стојан Лекоски, иницијатор на проектот, кој ја презентираше програмата на манифестацијата за следната година.
Програмата содржи низа активности (изложби, концерти, промоции), а се очекува во наредниот период да бидат прецизирани сите детали за учеството на Општина Охрид во манифестацијата.
општина Охрид