АктуелноОхрид

Мицкоски повика на масовен протест поради отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ Во Охрид

„Во Охрид треба да се протестира, но да биде тоа демократски израз на волјата на граѓаните, а не насилен протест, зашто во спротивно повторно ќе печалат оние што ја доведоа Македонија во оваа ситуација, а тоа се СДСМ и ДУИ. Го подржуваме протестот и повикуваме да се излезе и да се протестира на мирен начин. Битно е да не се отргне вниманието од кризата и инфлацијата“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На голем протест во Охрид вчера повика Левица поради „отворање клуб на бугарскиот Хитлер – Цар Борис Трети”. Партијата преку својот охридски огранок поднесе иницијатива за забрана на ова бугарско здружение кое го носи името на фашистичкиот сорабготник на Хитлер во Втората светска војна, Цар Борис Трети.

Отворање на бугарски клуб во охридската чаршија е најавено за утре од страна на новооснованото здружение „Цар Борис Трети”.

фото: Архива