АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Форумот на жени од СДСМ во посета на Наце Иваноски, професор во пензија по повод Денот на учителот

По повод 5 Октомври Денот на учителот,денес во име на ОО СДСМ Охрид, го посетивме домот на Наце Иваноски, професор во пензија кој целиот свој работен век го посвети на најблагородната професија.Задоволство беше да се слуша како зборува со насмевка на неговото лице, присетувајќи се на неговите почетоци во ЕМУЦ Св.Наум Охридски Охрид, за исклучително квалитетните генерации ученици, за промените кои ги носи современиот образовен процес и сл.Неговата ќерка Биљана Иваноска одејќи по неговите стапки исто така е просветен работник.Честа, денес да бидеме нивни гости беше голема.Да ги почитуваме просветните работници бидејќи знаењето кое тие го пренесуваат на нашите деца, е најмоќното оружје.
📚Нека е честит 5 Октомври светскиот ден на учителот.
Форум на жеи СДСМ Охрид