Многумина ми велат на богослужба си и во ,,село” Враништа но на сите трпеливо им одговарам дека чест и гордост ми е што токму и тука ја извршувам мојата доверена ми свештеничка задача во тоа свето место,во најстарата населба во Охридско-струшкиот регион,па и пошироко во некогашниот град ,,Мегалополис”денешно име ВРАНИШТА. Кога се одвивал активен колективен живот на овој простор,немало никакви траги на постоење за градот Струга, а градот Охрид бил во оформување. Можеби на некои погоре напишаново ќе им изгледа како нешто несвојствено посебно за следбениците на модерната историографија.Но на сите кои би изразиле некаков сомнеж на погоре напишаното ве повикувам да дојдете и да го посетите музејот кој започна со работа во 2014 година истиот се наоѓа во кругот на црквата Св.Никола с.Враништа,музејот на многу вековната историја на денешната населба, музејот на историјата на Република Македонија за овие простори.Легендите можеби се претпоставка,но артефактите кои што се пронајдени и изложени од денешното село се вистина.Музејот е отворен за посетители на празник и неделен ден од 8 до 11 часот.Не само музејот тука е и локалитетот Црквени Ливади – наколна населба од бакарното време, сместена на утоката на реката Шум во Црн Дрим.Долно Ливаѓе – археолошко наоѓалиште претставува населба од неолитско време. Кралеј Загони – археолошко наоѓалиште населба од неолитско време.Св. Атанасија – археолошко наоѓалиште црква и гробишта од доцниот среден век.Црквата Воведение на Пр.Богородица која е во урнатини. Истата е единствена ориентална трикорабна базилика во Македонија е редок споменик, не само во Републиката, ами и за поголем дел на Балканот.Во средината на селото се наоѓа црквата Св. Никола обновена во 1804 година, на темели од предходно опожарена црква од страна на иноверните освојувачи. Една од поретките цркви,а може и единствена на нашиве простори со дрвен таван, во која се наоѓаат црковни предмети и икони од ,XV до XVIII век.Но не помалку се значајни и ново изградените цркви Св.Атанасиј,Св.Архангели Гаврил и Михаил и Св.Козма и Дамјан кои исто така се изградени на темелите на старите многу вековни цркви кои го заштитувале и го заштитуваат населението на овој простор и пошироко. Од вистината велат никогаш нема бегање. Дојдете погледнете,уверете се и научите повеќе за нашата заедничка македонска историја.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.