АктуелноОхрид

„Стави појас“ е новата превентивна кампања што ќе се реализира на целото подрачје на СВР Охрид

„Стави појас“ е новата превентивна кампања што ќе се реализира на целото подрачје на СВР Охрид. Во рамки на кампањата, предвидено е, на повеќе градски сообраќајници, на локалните, регионалните и магистралните патишта, да се постават сообраќајни пунктови каде ќе се врши контрола на возачите на моторни возила но и укажување за неопходноста од користење заштитни појаси како основна мерка за подигнување на безбедноста за време на управување со моторно возило. Притоа, полициските службеници ќе поделат флаери, маици и друг и соодветен едукативен материјал со логото „Стави појас“. Кампањата ја реализираат Отсекот за превенција и при СВР Охрид и РСБСП.

извор: СВР Охрид