Uncategorized

Познатиот режисер Пиперкоски од општина прераспределен на работно место во ЈП Градски гробишта

Познатиот режисер Илија Пиперкоски кој влезе во политиката за локалните избори во 2017 година и кој работеше во пи арот за кандидатот на СДСМ, по што по победата стана ПИ АР и шеф на кабинет на тогашниот градионачалник Јован Стојаноски сега е дел од ЈП Градски гробишта.

Пиперкоски изминативе години беше прераспределуван на работни места во локалната самоуправа до неодамна, кога е префрлен со работно место во ЈП Градски гробишта. Инаку Власта од СДСМ никогаш не му даде решение за вработување на Пиперкоски, па истиот работните обврски ги извшуваше со продожување на договор на дело.

Инаку Илија Пиперкоски е докажан во својата професија. Тој по позитивните реакции по филмот „Последниот Македонец“ во 2019 ни го претстстави еден од најдобрите долгометражни филмови филмот „Внук и дедо“, филм сниман во родниот Охрид.

Филмот на Пиперкоски е добитник на бројни награди во земјата и странство, меѓу кои и наградата за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон, The Buddha International Film Festival, наградата за „Најдобар филм“ на Интернационалниот филмски фестивал во Париз, две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival, награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови и многу други.
Пиперкоски со неговиот другар од соседството Никола Митровиќ – Бабе најавуваа дека се подготвуваат да снимаат серија од четири документарци кои ќе го отсликаат животот на Охрид низ вековите.

извор: Охрид 1