АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Охрид град на пензионери – каква иднина го чека градот со оваа структура на население ? !

Бројот на лица постари од 60 години во Охрид го сочинува нај големиот процент во вкупното население на градот Охрид и поединечно секоја од групите од 60 до 69 и од 70 до 79 е поединечно е побројна од генерациите од 0 до 9 години, која пак е нај малу бројна категорија споредено со сите останати и овие 10 геренации луѓе родени во Охрид денес се точно 4,805, број кој е помал од бројот на луѓе кои „на времето’ биле вработени во Отекс и ЕМО заедно.

Групата од 60 до 69 години е најбројна во споредба со сите останати категоризации по декади од животната возраст додека вкупниот број на население над 60 години изнесува 14,563 лица, од кои речиси сите се или пензионери, или приматели на технолошки вишок од државата. Бројот на лица од 65 години па нагоре изнесува  ( сите пензионери ) е 10.634 лица.

ЦЕЛИ 10 ДЕНЕШНИ ГЕРЕНАЦИИ ПОРАНО РАБОТЕЛЕ ВО ДВЕ ФАБРИКИ – КАКО ДОЈДОВМЕ ДО ОВДЕ ? !

Како Охрид од општина во која во осумдесеттите години од минатиот век имало над 60.000 жители стигна до ова ниво ? Како градот кој имал барем три фабрики во кои ( во секоја поединечно ) работеле по повеќе од 3000 работници, денес во цели 10 генерации има вкупно 4,805 деца ?

Приватизацијата спроведена од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го остави Охрид без ни една од некогашните фабрики гиганти кои денес не постојат. Тоа го донесе првиот бран на сиромаштија и борба за преживување која однесе илјадници луѓе надвор од градот и државата.

Втората причина заради која се исели и сеуште се иселува народот се партизацијата на сите инстиуции, како и целосната не функционалност и колапсот на секој критериум во функционирањето на сите институции , а најмногу на оние кои треба да обезбедат еднаквост на граѓаните и правда.

ШТО НЕ ЧЕКА ВО ИДНИНА ?

Тоа и не е така тешко прашање. Како што ќе врви времето прво во Охрид ќе се намали бројот на аптеки и супер маркети. Прво од причина што ќе се намали бројот на население ( кое по биолошките закони ќе го снема ) , а со тоа ќе се намали и бројот не пензии кои влегуваат во Охрид и кои се трошат во аптеки и супер маркети.

Потоа  големо прашање е колку на пример медицински персонал ќе има во Охрид и дали ќе има во иднина кој да ги лечи луѓето ( или барем дали ќе има медицински сестри да ставаат инекции ), а исто така прашање е колкава работна сила ќе остане да работи во јавната хигиена, во дуќаните, угостителството, образованието, институциите…

ЌЕ УВЕЗЕ ЛИ ОХРИД НАСЕЛЕНИЕ ?

Празен простор на светот нема, па така и испразнетиот Охрид ќе мора да се пополни со луѓе од некаде. Но прашање е од каде ? Кој се тие краишта на светот за кои ние би биле атрактивно место за живеење ? Секако дека има и такви места, па така Охрид може да донесе население од државите на Сахарска Африка , Бангладеш, Авганистан , тибетанскиот дел на Кина,  и Индија или просторот наречен Индокина ( Бангладеш и делови од Тајланд ) и секако некои други забаталени краишта на светот каде криминалот и корупцијата го направиле животот полош од тој овде како што се Шри Ланка, Буркина Фасо, Хаити или државата која се вика „Брег на слоновата коска“.