Грејната сезона сеуште не е официјално започната, а трговците се жалат дека добиваат многу високи сметки за струја. Тие откриваат дека добиле за три, четири пати повисоки сметки за струја во споредба со истиов период минатата година. Помалите дуќани за минатиот месец треба да платат по 2000 – 3000 евра за струја, а сметките кај големите маркети се движат по 8000 – 9000 евра за еден месец.
Граѓаните и покрај тоа што ја знаат реалноста сепак се плашат дека трговците во обид да подзаштедат ги исклучуваат фрижидерите, па храната која што треба да се чува да одредена минусна температура, наместо така ќе се чува на повисока.
Тие откриваат дека пијалоците веќе скоро никој и да не ги чува во фрижидери, но тоа и не е така страшно, стравуваат да купат замрзнатата храна, да не истото се прави и со храната и млечните производи.
Има граѓани кои генерално се жалат на социјалните мрежи дека кај месото и овошјето имало лоша миризба.
А има и граѓани кои јавно апелираат:
Внимавајте од каде купувате месо, месни и млечни производи бидејќи дел од маркетите и продавниците ги исклучија фрижидерите како мерка за заштеда на струја.
извор: Охрид 1