Политичката партија Левица не води само Фејсбук кампања како што знае да изјави претседателот на ДПМНЕ – Сашо Донев, Левица ЛО Охрид за разлика од другите партии преку социјалните мрежи ја прикажува реалната слика од терен , се вели во Реакција до јавноста од Левица ЛО Охрид.
Во продолжение ја пренесуваме реакцијата во целост:
Фејсбук кампањата ја водат јавните претпријатија, како и високите средства кои се издвојуваат за рекламирање на нивното работење по медиуми, а не ја отсликуваат реалната состојба и проблемите во Охрид.
Градот на УНЕСКО – бисерот на балканот се „дави” во фекалии.
И покрај опасноста од загадување на Охридското Езеро, проблемот кој допрва треба да се решава се наоѓа на улиците „Мирче Ацев”, „Галичица” и „Никола Карев” каде што жителите реагираат на состојбата со канализационата мрежа. Бараат одговорните „Нискоградба” и „Колекторски систем” да им обезбедат функционирање на канализационата мрежа и одводување на атмосферската вода која треба преку непречен проток да оди во Охридското Езеро.
Левица – Охрид порачува наместо да изготвуваат планови за нови партиски вработувања, да се занимават со решавање на проблемите за кои се платени од граѓаните.
Проблемот е повеќегодишен и подеднакво се заслужни ДПМНЕ и СДС. Срамно е во денешно време да се дискутира за септички јами поплавени подруми и фекалии по улиците.
извор: Левица ЛО Охрид