АктуелноОхрид

Успешен настап на учениците од државното музичко училиште Струга на натпревар во Тирана

Продолжуваат успесите на нашите ученици и нивните професори на меѓународна сцена. На престижниот натпревар Тирана талент, Христо Дејкоски од класта по виолина на проф. Тони Aрслан освои прва награда (99 поени) и Антонија Михајлоска од класата по соло пеење на проф. Едлира Арифи прва награда (96 поени). Стручната комисија ја сочинуваа светски реномирани музички уметници како: Инва Мула, Габриеле Отаиано, Роланд Џоџи, Арбен Лоци, Пјетр Гуралуми и Гриди Краја.