АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

„Охридски фудбалски надежи“ настапуваат 36 екипи од Охрид со учество на 550 деца

На мое огромно задоволство, како покровител, го прогласив почетокот на Првото издание на фудбалскиот младински турнир „Охридски фудбалски надежи“ – 2022 г. на големиот фудбалски терен при СРЦ „Билјанини извори“.
На турнирот, кој се одржува првпат и е во организација на Општина Охрид и Сојузот на училишни спортови, настапуваат 36 екипи од Охрид и регионот и учествуваат 550 деца од генерацијата 2010-2015.
Велат дека една од најважните споредни работи на светот е спортот. Спортот има многу важна улога во активното користење на слободното време, а за многумина претставува професионална определба и животна пасија. Секој спорт е добредојден и за телото и за духот, а посебно фудбалот како спортска дисциплина е интересен за најмладите.
Спортските активности во современите општествени услови претставуваат интегрален дел од човековата дејност заради остварување одредени општествени цели во областа на образованието, воспитувањето, културата, здравството, социјалната политика, одбраната и безбедноста, а во извесна мера и во афирмирањето на националните вредности.
Спортот е оној кој нè обединува, кој нè прави горди и достоинствени, кој ни го покажува патот за здрав и квалитетен живот. Со други зборови, спортот го поттикнува и доброто расположение и помага да останеме во добра работна форма.
Во динамичнава денешница, каде постојано сме во трка со слободното време, сите треба да го прифатиме спортот како еден од механизмите за водење здрав живот. Затоа и заеднички треба да живееме во склад со слоганот: доброто здравје кое доаѓа од здравиот дух и здравото тело значи здрава нација.
Токму поради значењето на спортските активности за човечкото здравје и општествениот развој Општина Охрид и во иднина ќе организира, а јас ќе бидам покровител на вакви спортски случувања.
На младите фудбалски таленти кои се навистина во задоволителен број им посакувам успешни натпревари. Сите се добри, но нека победи највештиот тим. Со надеж дека ова спортско случување ќе добие традиционален карактер и дека догодина ќе биде уште помасовно.
-напипа во својата Фб објава градоначалникот Кирил Пецаков,