На ден 26.09.2022 година (Понеделник) , ЈП ВОДОВОД Охрид ќе започне со санирање односно поставување на нов цевковод со профил ф 350 мм на улицата „Асном“, кој пред неколку месеци беше оштетен при изведување на градежни активности од страна на приватна градежна компанија.
Се известуваат корисниците од улицата „Асном“ ( на потегот од маркетот Тамаро до 110ката) дека на 26.09.2022 година (Понеделник) во период од 08:00 до 19:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување, а со намален притисок водоснабдувањето ќе биде на улиците: „Галичица“, „Мирче Ацев“, „Никола Карев“ и дел од бул.„Туристичка“.
-информираат од ЈП Водовод Охрид.