четврток, март 28, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Презентација на проектот Керамикум во мермер од ликовниот уметник Емил Солески

Сабота на 24.09 2022 од 11:00 до 13:00 часот во просторот на Неолитскиот локалитет Заливот на коските , Охрид ќе се одржи презентација на проектот Керамикум во мермер од ликовниот уметник Емил Солески.
Овој мултимедијален проект ја има во фокус куќата-ЖЕЛБЕНИК како трансцедентен објект на субјективното доживување.
Во рамките на проектот ќе се презентира филмот Желбеници и и ќе се одржи изложба.
Филм „ЖЕЛБЕНИЦИ“ е визуелна прошетка во неолитските локалитети, Врбјанска чука, Залив на коските, Велушка тумба, Церје, Барутница, дополнета со инсценирана уметничка инсталација и музика.
Изложбата ќе содржи вкупно 28 желбеници. Пет групи по пет „желбеници“, кои инсценираат неолитски села, ќе бидат поставени кружно околу група од три желбеници што симболизираат земја, вода, сонце.
,,Желбениците’” се создавани во едно време, невреме, кога почнав да фантазирам за едно време, а можеби и невреме, можеби, велам оти е изгубена од хоризонтот, но никако изгубена од видокругот на археолозите. Керамикум…Неолит…Младо камено време, време на куќата како место во кое се концентрира и генерира нуклеусот на едно семејство и претставува центар во кој се дефинираат бројни вредности, тенденции и принципи“, вели Емил Солески.
НУ Завод и музеј Охрид