АктуелноОхрид

(ФОТО) Фатен дрвокрадец во Охрид

На 20.09.2022 во 21.45 часот на ул.„Ристо Чадо“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид забележале патничко возило „митсубуши пајеро“ без регистарски ознаки како превезува огревно дрво. По преземени мерки, на имот на улицата, сопственост на 48 годишен охриѓанец, било пронајдено возилото, огревно дрво од околу 1,5 кубни метри и моторна пила. Возилото, дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: МВР
фото: МВР